Најдобриот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди, одлучи да стави крај на кариерата, пренесуваат американските медиуми.
Американскиот новинар Адам Шефтер од ESPN објави дека Брејди решил да стави крај на својата трофејна кариера по 22 сезони.
Брејди дури седум пати беше шампион на американскиот фудбал, односно НФЛ, при што со Њу Ингланд Патриотс освои шест титули, а една со Тампа Беј Баканирс.
Се испостави дека последниот меч го одигра во Тампа, со што стави крај на неговата кариера, при што собори неверојатен број рекорди.
44-годишниот Американец е најдобар во историјата на НФЛ по бројот на додавања за тачдаун (624) и по бројот на јарди поминати со додавања (84.250).
Во се уште актуелната сезона, Брејди и понатаму беше еден од најдобрите квотербекови во лигата, што покажува дека може да продолжи да игра, но како што стојат работите сепак реши да се збогува.
Брејди ќе стане вториот квотербек кој заслужил покана во Куќата на славните, како што тоа се случи со поранешниот ас на Питсбург Стилерс, Бен Ротлисбергер.
Tom Brady is retiring from football after 22 extraordinary seasons, multiple sources tell @JeffDarlington and me.
More coming on https://t.co/rDZaVFhcDQ. pic.twitter.com/6CHWmMlyXg
— Adam Schefter (@AdamSchefter) January 29, 2022