Виолината, е изработена од самиот маестро Антонио Страдивари во 1734 година, исчезнува пред 35 години по концертот во Менхетен.
Оттогаш таа како да тоне во земја. Куриозитетен е начинот на кој е открита- еден ден непозната жена се појавува кај познат мајстор на виолини во Њујорк, за да научи повеќе за инструментот што го открила во домот. Мајсторот виолинист веднаш го препознава одамна бараниот уметничкои инструмент на Стадивари. Излегува дека жената добила виолината како свадбен подарок од својот поранешен сопруг. Против него засега сепак не се покренати обвиненија за кражба.
Ќерката на сопственикот на виолината сака да ја стави виолината на аукциска продажба.
