По 35 години, Last Christmas, во 4К резолуција

298 прегледи

За фановите на Wham, Божик дојде порано и можеби малку прерано за останатите. Службената страна на бендот го објави спотот за мега хитот Last Christmas во резолуција незамислива за времето на оригиналното издание.

Поминаа 35 години откако британскиот поп дует ги освои топ листите со хитот кој ќе стане една од најизведуваните божикни песни, но спотот во ново руво направи да изгледа потполно свежо.

„Квалитетот е толку добар што изгледа како луѓе од 2019 година облечени како оние од 80-тите“, вели еден коментар на Јутјуб.

Иако Last Christmas освен насловот нема никаква друга поврзаност со Божик, песната во многу делови од светот е неизбежна во ова време од годината.

Слични содржини