По 4 години надвор од фудбалот: Зидан го договори следниот тренерски ангажман

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Француската легенда Зинедин Зидан веќе се договори за својата следна работа во фудбалот. Поранешниот тренер на Реал Мадрид планира да го замени Дидие Дешан на кормилото на репрезентацијата на Франција.

Дешан најави дека ќе се повлече од функцијата откако Зидан веќе постигнал прелиминарен договор со Француската фудбалска федерација, тврди „Мундо Депортиво“. 52-годишниот Зидан успеа да стекне одредени привилегии. Договорот со француската федерација ќе предвидува датум за почеток на работата, но конечен нема да има. Светскиот и европски шампион сам ќе одлучи кога ќе ги напушти „петлите“.

Покрај тоа, на легендата и било дозволено да продолжи да живее во Мадрид и да доаѓа во својата татковина само на тренинзи и натпревари.

Тренерското искуство на Французинот е ограничено на два периоди во Реал Мадрид: од јануари 2016 година до мај 2018 година и од март 2019 г до мај 2021 година. За тоа време со „кралевите“ освои 11 трофеи од кои 3 трофеи во Лигата на шампионите.

Слични содржини