По 40 години борби и бунт против Турција, ПКК го прекинуваат огнот

од Даниел Ѓорѓиевски
44 прегледи

По 40 години вооружени судири против Турција, лидерот на Курдистанската работничка партија (ПКК) од турски затвор ги повика своите симпатизери, поддржувачи и борци за независен Курдистан да го положат оружјето.

Во  изјава што ја прочитаа пратениците на прокурдската Партија за слобода и демократија на народот (ДЕМ) во четвртокот во Истанбул, затворениот водач на ПКК рече дека групата „ја завршила својата работа и дека е време да се распушти“.

„Во текот на историјата што се протега над 1.000 години, Турците и Курдите отсекогаш сметале дека е неопходно да останат во сојуз, со доминантно доброволен аспект, со цел да се задржат и да преживеат против хегемонистичките сили“, напиша Оџалан

Во климата создадена од повикот на (лидерот на Партијата за националистичко движење) Девлет Бахчели, волјата што ја покажа претседателот (Реџеп Таип Ердоган) и позитивните пристапи на другите политички партии, повикувам на положување на оружјето и преземање на историска одговорност за овој повик – заклучи тој.

Повикот потенцијално може да стави крај на конфликтот кој трае повеќе од четири децении и однесе десетици илјади животи.  Оџалан (75) е затворен на островот Имрали во близина на Истанбул од 1999 година, откако беше осуден за предавство.

Слични содржини