Решението за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, стаса во битолската полиција, потврди портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

Како што рече Стаматова, полицијата ќе постапува според упатствата во решението.

Решението за спроведувањето на куќниот притвор на Талески патуваше пет дена од Скопје до Битола.

vladimir-taleski1

Kривичниот суд пак денеска информираше дека  ја доставил до Апелацискиот жалбата на одбраната за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму велат дека сè уште ја немаат добиено доставницата, односно потврдата од Апелацискиот суд дека ја добиле жалбата, но очекуваат тоа да се случи во текот на денешниот ден.

Од Кривичниот суд уште еднаш потврдија дека на 16 јуни по електронски пат и преку пошта до битолската полиција, која треба да ја изврши судската наредба, било испратено решението за куќен притвор за градоначалникот Талески.

Сепак, како што велат од судот, сè уште немаат добиено потврден одговор од СВР Битола дека го добиле решението.

Неколку стотини граѓани организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска, во 11 часот, пред комплексот судови во Скопје се собраа за пак, како што велат, да побараат градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да биде ослободен од куќен притвор.

Граѓаните го блокираа булеварот пред комплексот судови.

Меѓу присутните се и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, Коце Трајановски, Петре Латиновски, Стевчо Јакимовска и Марјан Ристески.

 

МЕТА

Слични содржини