„Четири автомобили Tesla“ целосно изгореа во различни делови на Берлин во текот на ноќта. Оштетени се и пет возила во близина, се вели во соопштението на полицијата.
Имајќи предвид дека станува збор за веројатни криминални дела со политичка позадина, истрагата ја презеде Провинциската канцеларија за криминал (ЛКА).
Критиките кон сопственикот на Tesla, Илон Маск се интензивираа откако тој започна тесна соработка со американскиот претседател Доналд Трамп.
Фабриката на Маск во близина на Берлин претходно беше на удар на активисти поради загриженоста дека изградбата на фабриката може да влијае на еколошкиот систем, особено на снабдувањето со вода во областа југоисточно од Берлин.
По контроверзните јавни настапи на Маск, вклучително и неговата поддршка за десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и мешањето во предизборната кампања во Германија, Маск доживеа голем пад на неговиот јавен углед, што резултираше со драстично намалување на продажбата на неговите автомобили во Германија.
Подметнати пожари на автомобили на Tesla се пријавени и во САД.
Во Берлин постои традиција на палење на луксузни автомобили, особено во областите на градот кои се погодени од таканаречениот процес на „гентрификација“.