Популарниот Стефан Ѓуриќ – Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на славниот Џејсон Деруло, е пуштен на слобода и заминува за Белград, пишуваат српските медиуми.
За потсетување, како што не информираа од МВР, на 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија“, соопшти СВР Охрид.