По Арсенал, Борнмаут го совлада и Сити – Ливерпул осамна на врвот

од Nikola Popovski
16 прегледи

Борнмаут е нерешлива енигма за великаните во Премиер лигата. По Арсенал (2:0), избраниците на Андони Ираола сосема заслужено го совладаа шампионот Манчестер Сити со 2:1 (1:0) во 10. коло од Премиер лигата и со тоа повторно го „поставија“ Ливерпул на лидерската позиција!

Избраниците на Пеп Гвардиола во своја полза имаа само еден параметар – поседот на топката, а се останато му припадна на домаќинот. Семењо и Клајверт уште од стартот се заканија и покажаа дека Борнмаут е многу инспириран. Веќе во деветтата минута Керкез одлично додава по левата страна, а Семенхо го „сврте“ дефанзивецот на гостите Аке и го совлада Едерсон.

Фоден имаше одлична шанса за израмнување кон крајот на првото полувреме, а тоа беше се опипливо од она што го направија гостите во нападот. Затоа беа опасни нападите на Бурнмаут, Еванилсон промаши во 47. минута, но не и во 64. кога ја зголеми предноста и најави нов триумф над екипите од големата петорка.

Лесно можеше да биде 3-0 доколку Таверние погодеше празна мрежа, но Сити беше надигран во се до последните 15 минути. Голот на Гвардиол кон крајот донесе неизвесност, но не и промени. Халанд ја погоди стативата од метар во третата минута од судиското продолжение.

По пресврт, Ливерпул го победи Брајтон со 2:1 (0:1) и уште еднаш застана на чело на Премиер лигата. Гостите заслужено го добија првиот дел од натпреварот. Кадиоглу постигна убав гол, но можеше и уште еден. Сепак, во продолжение играше само Ливерпул, напаѓаа како што знаат само тие и одбраната на Брајтон се затвори, осланбна и на крајот пукна за три минути. Прво израмни Коди Гакпо, а потоа Мохамед Салах донесе три бода по контранапад. Гостите не успеаа да се опорават до крајот.

Слични содржини