Босанскиот тренер Бруно Акраповиќ пронајде нов тренерски ангажман. По пет години и авантурата во Бугарија, тој се враќа на клупата на тетовска Шкендија, која ја водеше во сезоната 2015/16.
Во периодот помеѓу водењето на македонскиот тим и бугарскиот Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија, Акраповиќ седна на клупата на Сплит. Некое време се споменуваше како кандидат за селектор на Босна и Херцеговина, а неодамна беше и во преговори со ФК Сараево, но не дојде до соработка.
Акраповиќ ја започна својата тренерска кариера во 2008 година како асистент во Сатурн, а неговиот прв независен ангажман беше во 2011 година кога го презеде Мосор од Зрновнице. После тоа, тој ги тренираше Вал, Солин, Неретва Метковиќ и извесно време беше во Гибралтар, каде што го водеше тимот на Колеџ Европа.