222
По бегството што се случи изминативе денови од затворот „Идризово“, имало бегство и од затворот „Шутка“.
На 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на 8 месеци во затворот во „Шутка“. Тој избегал околу 17.00 часот, а од затворот ги известиле сите надлежни.
Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.
Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена, велат од МВР.
Од затворската полиција потврдија Алсат.