Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис подготвувал детален план за воведување на паралелен платежен систем, ако Европската централна банка (ЕЦБ) се обиде да ги заштити грчките банки.
За целта тој бил подготвен да го хакира сајтот на Генералниот секретаријат на државните приходи, за да се добие пристап до индивидуалните броеве на даночните обврзници, пишува весникот “Катимерини”. Весникот ги изразува интересите на крупниот грчки капитал.
Изданието тврди дека самиот Варуфакис детално го опишал “планот Б” за создавање на паралелен банкарски систем на видеоконференција со инвеститори и раководители на меѓународни хеџ-фондови, одржана на 16 јули. Нејзини координатор бил Норман Ламнт, бивш министер за финансии во владата на Џон Мејџор.
Варуфакис бил предупреден дека конференцијата се снима, но тој одговорил дека ќе го негира сето тоа. Откритијата предизвикаа скандал и опозициската партија “Нова демократија” побара истрага.
Деталниот “план Б” беше развиен по налог на Алексис Ципрас уште пред изборната победа, тврдел Варуфакис. Според него целта била Грција да остане во еврозоната. “Малку или многу, проектот беше завршен. Да ги земеме првите минути по затворањето на банките. Банкоматите не работат, значи треба да има систем за паралелни порамнувања, за да продолжи економијата да работи некое време,а требаше исто да му се укаже на населението, дека државата ја контролира ситуацијата и има план “, рекол Варуфакис.
Како што пишува весникот, економистот напомна дека преку сајтот на даночната служба даночните обврзници би можеле да повлечат пари од сметките, користејќи лозинка и да плаќаат некои даноци, ако ги наведат идентификациониот даночен број (ИДН).
“Планиравме да создадеме тајни сметки поврзани со секој ИДН, без никому да велиме, па да имаме систем за работа при целосна тајност. Со притискање на копчето можевме да издадеме пин код (на новата сметка) на секој носител на ИДН, односно на секој даночниот обврзник. Така можеше да биде создаден паралелен банкарски систем, кој би ни дал малку воздух, додека банките бидат затворени поради агресивната политика на ЕЦБ “, рекол поранешниот министер.
Според него овој план беше развиен многу добро и е требало да има големо значење. “Зашто ние можевме многу брзо да го рашириме паралелниот систем преку примена на смартфоните и тој ќе можеше да се користи како ориентиран кон еврото, но за минути би можела да се конвертира и во нова драхма”, забележал Варуфакис.
Но според него, реализацијата на планот била отежната, а надминувањето на тешкотиите се претворило во грчевита историја. “Генералниот секретар на државните приходи во министерството целосно и директно се контролираше од тројката кредитори. Тој не беше под моја лична контрола , туку а се управуваше од Брисел. Генералниот секретар се именуваат по посебна постапка и се контролираше од тројката, како и целиот механизам “, раскажал Варуфакис.
Тој откри дека откако станал министер, сфатил дека софтверот во Министерството за финансии, исто така припаѓа на тројката. Тогаш тој се свртел кон својот пријател од детството, кој станал професор на Универзитетот Колумбија во САД, пишува весникот.
“Решивме да го разбиеме софтверот на министерството, па да ги копираме шифрите на компјутер во канцеларијата на мојот пријател и така да развиеме и са користиме паралелен платен систем”,го цитира весникот поранешниот министер.
Тој исто така појаснил на учесниците на конференцијата со какви институционални проблеми и бариери се судрила новата влада во обид да спроведува независна политика, за да го ублажи затворањето на банките.
Владата на Грција никогаш немаше развиено планови за префрлување од еврото кон националната валута драхмата, изјави за телевизијата “Скај” првиот заменик-министер за финансии, Димитрис Мардас по повод објавувањето во “Катимерини”. Тој исто така додаде: “Се разбира, некој може и да се подготвувал за нешто, но она што го подготвувал еден министер, не било политика на целата влада”.
