Европските лидери не успеаја да постигнат договор за тоа како да се компензира намалувањето на приходите во европскиот буџет откако Велика Британија ја напушти заедницата, јави БНТ.

 


На неформалниот состанок во Бриселсиноќа  тие се обединија околу ставот дека треба да се одвојат повеќе средства за справување со илегалната миграција, за безбедност и одбрана , како и за програмата “ЕРАЗМУС плус”.

Беше договорено дека местата на Брегзит во Европскиот парламент ќе се намалат од 751 на 705.

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, рече дека ќе има намалување на средствата за кохезионата политика.

  Голем број земји-членки изразија подготвеност да платат повисоки придонеси кон европскиот буџет .

Претседателот на Европскиот парламент, Долен Туск, ја повика Турција да се придржува кон меѓународните договори и да ги одржи добрите односи со Кипар и Грција. Одлуката дали да се одржи лидерскиот состанок со Турција во Варна на 26 март ќе се знае на состанокот на Европскиот совет три дена претходно, рече Туск.

 

“Потврдувам нашата поддршка за суверено право на Република Кипар  е да ги проучува и експлоатира своите природни ресурси во согласност со европското и меѓународното право. Активностите на Турција спротивни на нејзините обврски за воспоставување на добри односи и нормализација со сите земји-членки. На советот во март ќе процениме дали постојат услови за водење на лидерска средба со Турција во Варна на 26 март. ” – посочи претседателот на ЕП.