335
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за здравство Венко Филипче рече дека освен британската кај нас не е детектирана друга мутација на вирусот.
-Меѓутоа, ако нешто е проширено веќе во европските земји и нема таму помеѓу тие европски земји никакви промени, тоа многу тешко ќе може да се спречи. И тука доаѓа во прв план одговорноста на граѓаните, каква и да е мутацијата, колку и да е пренослив тој сој на вирусот. Во таа смисла нема детектирано кај нас друга форма, освен британска, а тоа го покажуваат и последните анализи, на неколку недели ги прават анализите на геномот во двете лаборатории. Така што остануваме на сегашните мерки, рече Филипче.