Судот за случајот „Монструм“ по вторпат донесе одлука Алил Демири, Агим и Африм Исмаиловиќ да бидат осудени на доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“, Хаки Азири, како помагач во делото да добие 9 години, а на Фејзи Азири да му биде изречена казна затвор од 15 години, како помагач при бегства на двајцата првообвинети.
Семејствата на убиените момчиња со солзи во очите ја слушаа пресудата.
-Замислете ги чувствата на децата една минута пред смртта, клекнати на колена. Размислувале ли за семејството, за првите љубови, што се не им прошло низ глава во таа секунда, а тоа било и прашањето зошто ние и што лошо сме сториле, а не сме имале ни време да сториме, рече судијата Огнен Ставрев во емотивниот завршен говор.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот ,а тројцата осудени добија мерка притвор. Хаки Азири заминува во истражниот затвор Шутка, Фејзи Азири нема да има слободни викенди во затворот во Штип. А, на Агим Исмаиловиќ му се продолжува мерката.