ПО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ МОЛК, Ема Вотсон објави што се случува во нејзиниот живот

од Stefanija Kuzmanovska

Ема Вотсон целосно се повлече од социјалните мрежи, што остави простор за шпекулации за нејзиниот приватен живот.

Меѓу другото, светските медиуми објавија дека актерката наводно се омажила, па решила конечно да се огласи откако не објави ништо на Инстаграм, Твитер и Фејсбук цели девет месеци.

– Почитувани обожаватели, без оглед дали сум се верила или не, без разлика дали мојата кариера е пропадната или не, сето тоа служи за добивање кликови на интернет порталите, без разлика дали вестите се точни или не – ја започна својата приказна Ема.

– Се надевам дека сите сте добро во овие тешки моменти. Благодарам на сите оние кои даваат се од себе да бидат безбедни и заштитени од оваа чума. Фактот дека нема вести за мене е само знак дека ја поминувам пандемијата како и сите други – истакна Вотсон.

– Се борам да направам тест за леб, се грижам за своите најблиски и се обидувам да не го ширам вирусот. Ако нешто навистина големо се случи во мојот живот, бидете сигурни дека ќе ве известам лично, додаде актерката.

Слични содржини