Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во драматични квалификации за спринтот пред Големата награда на Кина.
Британецот во последен момент му ја одзеде првата стартна позиција на својот сонародник Луис Хамилтон во Мерцедес, откако дождот сериозно ги измеша плановите на возачите.
Драмата беше дополнително засилена со фактот дека брзиот круг на Норис првично беше поништен поради излегување надвор од контурите на патеката, но потоа беше вратен.
Така Ландо по втор пат во кариерата ќе стартува прв на кратката трка, а сега ќе се надева и на победа, откако претходниот пат го претекна Макс Верстапен.
Фернандо Алонсо со Астон Мартин даде трето време, а Верстапен остана четврти откако направи грешка во последниот круг и излета од патеката. Инаку, на суво, Холанѓанецот повторно беше најбрз.
Карлос Саинц со Ферари и Серхио Перез со другиот Ред Бул ќе стартуваат на 5-то и 6-то место, а Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Валтери Ботас и Гуању Џоу ги комплетираа првите десет, а резултатот на Заубер беше дефинитивно импресивен.
Спринтот е утре од 5:00 часот по македонско време, а подоцна истиот ден се квалификациите за Големата награда во недела.