Системот на Републичкиот геодетски завод на Србија повторно е во функција, по речиси два месеца застој од хакерскиот напад, соопшти Министерството за правда на Србија.
Хакерскиот напад се случи на 4 јули и предизвика сериозни проблеми во работата на правосудството, нотарите и извршителите. Беше сопрена купопродажба на станови и имоти, земањето станбени кредити и преносот на сопствеништво или заложувањето недвижност.
Имено, досега не можеше да се внесуваат нови податоци или да се ажурираат постоечките во системот.