Скоро два месеци по смртта на актерката Мишел Трахтенберг (39), Канцеларијата на главниот медински истражувач во Њујорк конечно официјално ја објави причината за нејзината смрт.
Според магазинот People, портпаролот на Канцеларијата во средата потврдил дека смртта на актерката е природна, предизвикана од компликации поврзани со дијабетес.
„Конечниот заклучок е донесен по анализата на резултатите од токсиколошките тестови“, рече портпаролот, додавајќи дека „токсиколошкото тестирање може да се направи без обдукција“.
Трахтенберг почина на 26 февруари на 39-годишна возраст, откако службите за итна помош во Њујорк одговориле на повикот и ја пронашле актерката во несвест и без знаци на живот.
Иако смртта не се сметаше за сомнителна, семејството на Трахтенберг одби обдукција поради нивната еврејска вера, па се очекуваше причината за смртта да остане „неутврдена“.
Сепак, прегледот на резултатите од токсикологијата на крајот обезбеди одговори и олеснување за нејзините најблиски.
Родена Њујорчанка, Трахтенберг почнала да глуми уште како дете, а славата ја стекнала со улогата во филмот „Harriet the Spy“ во 1996 година, кога имала само 10 години. Дотогаш, таа веќе се појави во серијата All My Children – каде што работеше со Сара Мишел Гелар. Таа врска ја доведе до улога во хит серијата Buffy the Vampire Slayer од 2000 година до крајот на серијата во 2003 година.