По двата изненадувачки порази од Нигерија и Австралија, Американците ја забележаа првата победа на подготовките за Олимписките игри.
Жртви беа Аргентинците (108:80) и немаа шанси против расположената репрезентација на САД.
Американците веднаш ги опсипаа со тројки во првата четвртина, погодувајќи шест од нив, на што додадоа неколку привлечни забивања и го покажаа целиот репертоар уште од самиот почеток.
Беше +14 по првата четвртина и +16 на полувремето.
Рутински ја одржуваа предноста во третата четвртина, каде видовме фантастично забивање на Зек Лавин со фаул.
FIRE US UP @ZachLaVine 🔥 pic.twitter.com/KAOj8RHYqm
— USA Basketball (@usabasketball) July 13, 2021
На крајот, разликата беше 28 поени, а сите од првата петорка во САД беа со двоцифрен учинок.
Кевин Дурент и Бредли Бил постигнаа по 17 поени, Лавин постигна 15, Лилард 13, а Адебајо 12 поени.
На другата страна најефикасен беше Луис Скола со 16, Лапровитола постигна 13, а Кампацо постигна 12 поени.