По две години градење, битолчани го пуштија својот брод на Преспанското езеро

од desk2
79 прегледи

Бродот „Теодора“ вчера за првпат заплови низ водите на Преспанското Езеро, кој е прв брод за рекреативни цели ќе крстари низ езерото по пауза од шест години, со исклучок на бродот од станицата за мерење на квалитетот на водата во Стење. Услови за ваква пловидба се создадоа откако Општина Ресен постави две понтонски пристаништа изминатите години во Преспа. Претходно беше тешко да се управува брод зашто недостигаше марина.

Бродот „Теодора“ го изгради битолчанецот Томе Димитриевски со помош на асистенот Раде Николовски – Цапе. Двајцата имаат познавања од многу занаети, а пред се од наутиката. Бродот го градеа две години во гаража во Битола. Викендов со помош на трактор и специјална приколка го донесоа до Претор, од каде го пуштија во езерските води. Долг е 13,60 метри и широк 3,70 метри, развива брзина од 30 километри на час и има носивост од 12 лица.

Сопственикот Димитриевски бродот го изградил со сопствени средства. Ова е негов четврт брод. Другите три се продадени, едниот плови низ Охридското, а другиот низ Тиквешкото Езеро./СДК