Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш ги повика сите страни на воздржаност по одлуката на Косово за формирање војска, додека зад затворени врати Советот за безбедност одржа состанок на барање на Србија.

-Тоа е спротивно со Резолуцијата на 1244 на Советот за безбедност на ОН, со која се ограничува одговорноста на мисијата на НАТО, КФОР, нагласи Гутереш. -Според Резолуцијата 1244, КФОР се единствените вооружени сили во Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ остро ја осуди одлуката на Косово и повика за вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.
САД даваат поддршка за формирањето косовска армија откако во октомври побараа од Гутереш да подготви стратегоја за прекин намисијата на НАТО воКосово.
По состанокот зад затворени враи на СБ на ОН, дипломати укажале дека Русија бара следната недела да се одржи јавна седница на тоа тело. На неа ќе може да присуствува и Вучиќ, изјави дипломат кој додал дека европските држави не се склони за одржување јавна седница