Грчкиот играч и моментално трет тенисер во светот, Стефанос Циципас, изјави дека нема да се вакцинира против коронавирусот, се додека тоа не е услов за играње турнири.
– Никој ништо не ми кажа. Никој не одлучи дека вакцинацијата е задолжителна. Ми се чини дека ќе мора да го направам тоа во одреден момент, но засега не е задолжително за да се натпреварувам, па не сум ни вакциниран – рече Циципас.
Така, третиот рекет во светот рече дека ќе се вакцинира само кога ќе мора. За разлика од тенисот, некои спортови се поригорозни во барањето учесниците да бидат вакцинирани.
Потсетуваме, Новак Ѓоковиќ уште во април изјави дека се надева дека вакцинацијата нема да стане задолжителна, по што повеќе не прифаќаше прашања на тема глобалната пандемија на коронавирус.