По Ѓоковиќ, падна и Медведев: Зверев го освои завршниот турнир во Торино

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Александар Зверев победи на завршниот Мастерс во Торино. Во финалето го победи Данил Медведев со 6:4, 6:4.

Тоа беше рутинска победа на олимпискиот шампион против шампионот на УС Опен.

Германецот стигна до три врзани брејк топки во третио гем од првиот сет, ја реализира втората и поведе со 2:1. Не ја загуби предноста, лесно ги добиваше своите гемови благодарение на одличниот сервис и стигна до предност од еден сет.

Ништо не се промени ниту во продолжението од натпреварот. Брејкот во првиот гем беше доволен за Зверев да ја обезбеди победата.

Колку беше доминантен на својот сервис говори и фактот што не дозволи брејк топка за ривалот.

На овој начин Зверев му се реваншираше на Медведев за поразот во групата.

Германецот по втор пат во кариерата победи на турнир на кој учествува на осумте најдобри турнири во календарската година. Тој го подигна и победничкиот трофеј во 2018 година во Лондон.

Слични содржини