По Гундоган и Роке, Барса сака да го испрати и Ленгле, но ситуацијата е комплицирана

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Раководството на Барселона, особено во лицето на спортскиот директор Деко, продолжува да биде исклучително зафатено во последните денови, обидувајќи се да најде излез за некои од непотребните и непосакуваните играчи, што ќе ослободи простор во составот, особено за пријавувањето на Дани Олмо. Очекувањата се дека денеска и официјално ќе биде објавена разделбата со Илкај Гундоган и Витор Роке, а следен на листата е Клемент Ленгле.

Сепак, ситуацијата околу дефанзивецот и понатаму е доста комплицирана, информира локалното издание „Спорт“. Французинот е подготвен трета година по ред да ја промени ситуацијата и да се пресели во друг тим на позајмица, иако желбата на Каталонците е да обезбедат перманентен договор, што никогаш не се случи. Сепак, тој категорично ја одби понудата добиена од Саудиска Арабија, што е крајно примамлива за луѓето на „Камп Ноу“, но не и за играчот кој сака да продолжи да игра на високо ниво.

Токму овие фактори го ставаат Атлетико Мадрид на водечка позиција. Од „Цивитас Метрополитано“ досега направија многу амбициозна селекција, откако ги донесоа Хулијан Алварез од Манчестер Сити, Конор Галагер од Челси, Робин Ле Норманд од Реал Сосиедад и Александар Сеорлот од Виљареал. Диего Симеоне сака да обезбеди уште еден левоног среден бек по разделбата со Марио Хермосо, но Лангле во моментов не е фаворит. Мадриѓаните го претпочитаат Давид Ханко од Феенорд.

Холандскиот гигант постави висока цена од 35 милиони евра и доколку не успеат на тој фронт, ќе се насочат кон Ленгле. Ситуацијата не ги радува луѓето во Барселона, кои сакаат што побрзо да се разделат со својот дефанзивец, но во оваа фаза нема солидни понуди за него.

Слични содржини