По хаосот во Атина Дурент отиде на забава и се фати за микрофонот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
351 прегледи

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, во средата навечер убаво се забавуваше во Грција.

Тој беше прво на мечот меѓу Олимпијакос и Монако, каде грчкиот тим славеше и се пласираше на фајналфорот на Евролигата.

Таму навивачите го исвиркаа, а потоа упаднаа на теренот со бакли, што го изненади еден од најдобрите кошаркари во светот.

Тој сцените накратко ги опиша со зборот „апокалипса“, а потоа отишол да се забавува со кошаркарот на Монако и негов поранешен соиграч, Мајк Џејмс.

Во еден ноќен клуб во Атина, тој го земал микрофонот и почна да пее.

Да потсетиме, неговиот Бруклин Нетс беше поразен во првото коло од плеј-офот од Бостон Селтикс, па Дурант има дополнително време за одмор.

 

Слични содржини