По илјадниците проговори, Нетфликс ја менува серијата за нацистот од Треблинка

299 прегледи

Нетфликс објави дека ќе додаде дополнителни текстуални објаснувања на некои од картите кои се појавуваат во документарната серија за холокаустот „The Devil Next Door“, откако полската влада предупредила дека содржи „историски невистини“.

Премиерот на полска, дал приговор дека во таа серија за судењето на нацистичкиот воен злосторник Џон Демјанук, украинец кој подоцна живеел во САД, „се појавува карта која погрешно ги поставува неколку нацистички концентрациони логори внатре во границите на модерна Полска“.

– Нема коментар, ниту никакво објаснување дека со тие логори управувале германци – рекол во понеделникот додавајќи дека картата „ги лаже гледачите дека Полска е одговорна за основање и водење на тие логори и за злосторствата кои биле направени во нив“.

Приговор упатил и Полскиот институт за нациоално сеќавање, кој запретил и со тужба.

Нетфликс на тоа одговорил дека ќе додаде текстуални ојаснувања со секоја карта која ќе се појави во таа серија.

– Ќе биде јасно дека концентрационите логори во Полска ги изградиле и водела германските нацисти кои извршиле ивазија на таа земја и ја окупирале од 1939 до 1945 година – соопштиле од Нетфликс.

Полската влада многу внимава германските концентрациони логори кои постоеле на територијата на денешна Полска, да не се опишуваат како „полски“.

Слични содржини