По нападот со огнено оружје врз албанската полиција и убиството од страна на специјалната полициска единица Ренеа на напаѓачот во селото Буларат во областа Дропул Констадинос Качифа, синоќа Атина и Тирана разменија меѓусебни обвинувања за настанатата состојба .

Грчкото министерство за надворешни работи во реакцијата упатена до Тирана истакнува дека е неприфатливо е убиството на еден грчки државијанин и притоа бара објаснување за прилчините на убиството . Од друга страна албанското МНР одговара на оваа рекација на Атина со оценката дека ,,Грција не треба да го политизира овој случај . Албанските владти дадоа служнеа информација за инцидентот ,, се додава во реакцијата на Тирана . реагираше и албвансјкиот премиер Еди Рама кој во својот профил на ,Твитер напиша : ,, Почитувани соседи, дојдете и обединетете се со нас , бидејки денеска од страна на еден екстремист можеше да загинат недолжни луѓе,,.
Албанските медиуми пренесуваат информации дека убиениот Констадинос Качифа послоедните години живеет во Грција и имал албанско и грчко државијанство . Тој бил член на есктремистичката грчка оргабнизација ,,Златна Зора ,,. Често пати од грција преку социјални мрежи искажувал протести притив Тирана која ја обвинувал за непочитување на правата на грчкото малцинство во Албанија . Албанската телевизија ,,Топ Чанел,, од страна на диписникот во Атина информираше дека во Атина синока пред албанската амбасада во Грција се одржани протести поради убиството на 35 годишниот Качифа.
Министерката за култура на Грција Мурсини Зорба притутна на свеченоста на грчките гробиштата во селото Буралат изјави дека на свеченоста имало претставници на владите на Албанија и Грција . Свечаностите се одржаа вели таа и притоа додаде дека поставените грчки знамиња не се симнати . ,, Тој пукае бидејки сметаше дека договорот за почитување на паднатите борци помешу Албанија и Грција беше издајништво .
По тешкиот инцидент што се случи во селото Буларат кај Ѓирокастро , албанските аналитичари оценуваат дека можни се нови тензии на релација Атина – Тирана . Сега кога е при крај Договорот за соработка на Албанија и Грција со кој се надминуваат големите билатерални несогласувања за морската граница, законот за воена состојба , малцинствата во двете држави и други прашања, можно е договорот да не биде потпишан барем за одреден период./Libertas