По Караџиќ: Денеска се решава судбината на Воислав Шешељ

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Политичарот е обвинет за воени злосторства во Хрватска

20160331.zydgoazmes
Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска ќе пресуди против претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ. Тој е обвинет за воени злосторства против несрпското население во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина во почетокот на 90-тите години

.
Шешељ е една од личностите, предизвикале најголем врева околу судските случаи против нив во Трибуналот.

Српскиот политичар и доктор на правни науки е обвинет за убиства, нехумани дела, прогони на политичка, расна и верска основа, истребување и напади врз цивили луѓе за време на војните по распадот на поранешна Југославија.

Сепак тој активно учествува во политичкиот живот на Србија и е еден од ретките судени во Хаг, кои не се уапсени во Холандија. Шешељ си издејствува враќање во татковината во 2014-та година,пуштен поради здразвствени причини.89434553954995f2268acf834275193_v4 big

По објавувањето на пресудата на Радован Караџиќ минатата недела, Шешељ зборува на анти-владин митинг во Белград, каде  казната ја  нарече”пресуда на српскиот народ”.

Тој го обвини уште еднаш Трибуналот во Хаг во необјективност, дискриминација и уривање на светската идеја за српската држава. Според него власта во земјата треба да се залагаат за укинување на Хашкиот трибунал и да побараат обвинетите Срби да се вратат во татковината.