
Студентите кои го блокираа влезот на Ректоратот ги пуштија професорите да влезат на седница на Сенатот на која се расправа за избор на нов ректор кој треба да се одржи на 30 јуни. По неколкучасовна блокада тие се спогодија, а четворица претставници на Студентскиот пленум присуствуваат на сеницата.
Тие бараат да се одложи изборот за нов ректор, затоа што 10 гласа не се легитимни со оглед на тоа дека нивниот мандат е истечен.