Откако Кенсингтонската палата откри дека Кејт Мидлтон вчера од непознати причини била оперирана во приватна болница во Лондон, Би-Би-Си јавува дека следната недела ќе биде опериран и кралот Чарлс, а откриена е и причината.
Тоа е рутинска процедура за лекување на зголемена простата и нема причина да се грижите за здравјето на кралот. Зголемената простата е бенигна состојба и е честа појава кај мажи постари од 50 години.
„Како илјадници мажи секоја година, кралот бараше третман за зголемена простата“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.
Поради оваа причина, службените должности на кралот Чарлс III привремено ќе бидат одложени за 75-годишникот да може на мир да се опорави од постапката.
Да потсетиме, претходно денеска Кенсингтонската палата објави дека Кејт Мидлтон се наоѓа во болница, каде што се опоравува по абдоминална операција во приватна болница во Лондон и следните 10 до 14 дена ќе ги помине во болница.