По критиките, Селена го избриша видеото на кое плаче поради депортацијата на мигрантите од САД

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Селена Гомез, американска пејачка и актерка со мексиканско потекло, избриша емотивно видео кое предизвика многу реакции на Инстаграм. 32-годишната девојка се сними како плаче поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите.

„Жал ми е“, напиша таа покрај емоџи со мексиканско знаме.

„Сите мои луѓе се напаѓани, и децата. Не разбирам. Жал ми е. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе се обидам се, ветувам“, рече Селена во видеото кое сега веќе не е достапно на нејзиниот профил.

Некои ја критикуваа Селена што ја објавила оваа објава и плачела поради депортираните мигранти. Десничарката Томи Ларен ја нарече пејачката идиот на Х. „Ова е причината зошто не прифаќаме политички совети од детските ѕвезди на Дизни“, додаде таа.

Гомез потоа рече дека „очигледно не е во ред да се покажува емпатија кон луѓето“.

Селена и даде поддршка на Камала Харис на претседателските избори во САД. По победата на Трамп, Селена сподели цитат од американската писателка и феминистка Одр Лорд.

Цитатот гласи: „Не можам да бидам слободна додека секоја жена не е слободна, дури и ако нивните синџири се различни од моите“. Таа со цитатот додаде: „Тешко ми е денес“.

Слични содржини