По Курти, Мицкоски ќе се сретне и со Вучиќ

од Nikola Popovski
22 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Ова го соопштиле од Службата за соработка со медиуми на српскиот претседател.

Средбата ќе се одржи во 14:00 часот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

Пред два дена, Мицкоски информира дека во следниот период нема најава за средба со Вучиќ. Тој кажа дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се сретнала во Баку, Азербејџан со нејзиниот српски колега.

Мицкоски појасни дека ќе присуствува во Белград на саемот.

Во понеделникот, Мицкоски во Приштина беше пречекан од премиерот на Косово, Албин Курти на меѓувладината седница. Премиерот најави дека економската соработка меѓу двете земји ќе достигне половина милијарда евра во текот на следната година и истакна дека договорите што ќе бидат потпишани денес се во таа насока.

Слични содржини