По летните одмори ќе биде интензивирана кампањата за референдумот

од desk2
122 прегледи

По завршување на летните одмори кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес, најави Бојан Маричиќ, посебен советник за евро-атлантски интеграции во Владата на Република Македонија. 

– Целта на кампањата ќе биде да ги информира граѓаните за Договорот, меѓутоа и за придобивките од членството во Европската унија и НАТО, како што укажува и прашањето на референдумот, изјави Маричиќ во интервју за телевизија Канал 5.

Нагласи дека кампањата ќе биде промотивна и информативна, со главна цел јавноста да биде точно информирана и граѓаните да ги знаат вистинитите информации и за Договорот и за придобивките од ЕУ и НАТО. 

– Убедувањето на граѓаните ќе биде пред се дека мора да излезат и да гласаат затоа што е ова граѓански глас. Референдумот е врвен граѓански глас и врвно демократско право и сите оние, кои што, се заинтересирани за решавање на македонско-грчкиот спор и за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО треба да излезат и да гласаат, изјави Маричиќ.

Слични содржини