По мал застој, нормализиран сообраќајот на Плетвар

од Берта Китинска
269 прегледи

По краток застој, особено за тешките товарни возила, нормализиран е сообраќајот на превојот Плетвар за сите видови возила кој се одвива во снежни услови.

Според Љупчо Блажески, раководител на пунктот Плетвар на „Македонија пат“ застојот настанал по 16 часот кога поминувала некоја државна делегација.

-Тогаш проблем беше запрените, особено тешки товарни возила, да се стават веднаш во сообраќај, па мораше дополнително на коловозот да се фрла сол за да се стават во сообраќај тешките товарни возила, ни изјави Блажески.

Возачите на запрените тешки товарни возила чија колона беше долга до влезот на градот, изјавија дека околу половина час чекаа да им биде дозволено од полицијата да поминат. Дури дека имало и некој извртен камион.
ега сообраќајот е нормализиран во двата правци за сите видови возила и се одива во снежни услви.

– Сега нема никаков застој во сообраќајот кој се одвива во двата правци за сите видови возила. Постројано врне снег, го има на коловозот, но екипите перманентно чистат и механизацијата е на располагање. така же биде во текот на ноќта, објаснува Блажески.

Според надлежните од „Македонија пат“ имаат доволно механизација и средства да го одржувата коловозот на превојот Плетвар.

Слични содржини