Никол Кидман планира наскоро да се одмори од актерството, бидејќи минатата година работеше на многу проекти.
Имено, 57-годишната ѕвезда минатата година глумеше во шест различни актерски проекти, па ќе паузира по промотивната турнеја на нејзиниот претстоен филм „Holland“.
Оскаровката изминатата година глумеше во филмовите „A Family Affair“, „Spellbound“ и „Babygirl“, заедно со ТВ сериите „The Perfect Couple“, „Expats“ и „Lioness“, не вклучувајќи ја нејзината втора серија „Nine Perfect Strangers“ и промоцијата на претстојниот филм „Holland“.
„Оваа година всушност не е толку „луда“. Минатата година бев надвор многу повеќе“, изјави таа.
Во нејзината последна улога, таа игра домаќинка во малиот град Холанд, Мичиген. Со текот на времето, ликот станува параноичен што нејзиниот сопруг (Метју Мекфадиен) води двоен живот.
Режисерката на трилерот, Мими Кејв изјави за Variety дека ѕвездата користела „навистина остри“ инстинкти како продуцент. Кејв истакна колку е вклучена Кидман во секој нејзин проект, велејќи дека актерката „не на тежок начин, туку на начин кој е многу прецизен, гледа што може да биде корисно во сценариото“.