По насилствата во парламентот 5. вработени суспендирани од внатрешната контрола на МВР

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Петмина вработени во МВР се суспендирани од Внатрешната контрола, од полицијата.

Oд полицијата уште информираат дека не станува збор за мерки и активности на формираната работна група која треба да ги расчисти настаните што се случија  на 27 април во Собранието РМ., туку велат дека суспендирањето е на самсотјно барање на внарешната контрола.

Неофицијално, сите петмина се вработени во Секторот за обезбедување познат како Шеста управа,  за нив е утврдено дека не интервенирале кога неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја отвориле главната врата на Парламентот на демонстрантите и тие влегоа внатре.