Во отворено интервју за списанието „Self“, пејачката Аланис Морисет раскажува за неколкуте
спонтани абортуси кои ги преживеала, за емоционалната траума и огромната болка, кои и ги
донеле, како и за среќата на крајот да се радува на една среќна и опуштена бременост во моментот
и тоа на 45-годишна возраст.
Аланис ја разубавува насловната страница на изданието со импресивни фотоснимки. Таа во
моментов е бремена со своето трето дете.
„Отсекогаш сакав да имам три деца. Но се исправив пред неколку здравствени предизвици, имав
неколку абортуси и не верував дека тоа ќе се случи. Толку сакав и се молев да сум бремена …
Покрај неуспесите и обидите научив толку многу работи за моето тело, за биохемиските процеси, за
имунитетот и генетиката … Беше еден доста фрустрирачки процес. Разбрав што е вистинска загуба,
но ја почувствував и среќата да го задржиш бебето, да го носиш, да го родиш“, коментира Аланис.
Таа и нејзиниот сопруг Марио Трејдвеј сега имаат две деца – Оникс на три и Евер на осум години.
Со третото дете забременува на 44-годишна возраст, во март оваа година ја открија пред светот
среќната вест за очекуваното бебе. Во моментот, пејачката има 45 години – ги наполни на 1-ви јуни.
Таа е среќна и го чека третиот наследник.
Аланис и Марио склучуваат брак во 2010. „Добро е што не се откажав да го барам принцот, бидејќи
во еден момент бев во очај од мажите. Мислев дека никогаш нема да го најдам вистинскиот. Но, јас
не се откажав и ја најдов љубовта. Затоа и мојот совет за сите жени е: не се откажувајте од принцот,
барајте го, не се предавајте. Постои“, сподели претходно Аланис.