Познат германски композитор и професор во Минхенската установа за музика и театар беше обвинет за силување во чуден случај дека држел заклучена во подрумот на својот дом 21-годишна студентка, која ја претворил во своја секс робинка.
62-годишниот Ханс Јирген Б. е отстранет од работа во познатото музичко училиште уште минатата година, кога за него се појавуваат првите тврдења за силување.
Според податоците на неговата поранешна 32-годишна љубовница, која била со него во периодот на 2006-2007 година тој поседувал пиштол и токму оружјето станало повод домот на Јирген да биде претресен.
Освен оружје, таму е пронајден кокаин и утврден распоред, во кој од помладата девојка е опишано кога се бара од неа да има секс со професорот, со други мажи и кога може да посетува предавања.
Професорот ги негира сите обвиненија за силување, покренати од неговата поранешна робинка.
Неговиот адвокат Стефан Јуфер ги нарече обвиненијата “гротеска”. “Тие имале секс со меѓусебна согласност, а десет години подоцна се појавуваат тврдења дека имало случаи во кои не било така”.
Според зборовите на правници, станува збор за обвениние во кое е вмешан ривал на професорот во колеџ и тој со Јирген имаат намера да поднесат обвинение за клевета.
