По Нова година директорката на ДИЦ може да ги зголеми платите за 30%, најави Шаќири

од Nikola Popovski
166 прегледи

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири порача дека од почетокот на следната 2024 година, директорката на Државниот испитен центар ќе има можност да им ја зголеми платата на вработените.

-Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.

Штрајкот во Државниот испитен центар продолжува. Ситуација ескалираше откако вработените не го добија посакуваното зголемување на платите, односно измена во посебниот колективен договор што ќе овозоможи покачување на плата од 25%.

Околу 700 кандидати чекаат да полагаат за лиценца што ја издава ДИЦ, но поради штрајкот тоа нема да се случи во оваа сесија, информираа вчера на прес-конференција раководството на Синдикатот во ДИЦ и на Сојузот на синдикати на Македонија.

Од МОН велат да си продолжи дијалогот меѓу двете страни, се до целосно усогласување на ставовите.

ДИЦ го стави штрајкот во мирување во мај, пред полагањето на матурата, а причината за тоа, како што наведоа оттаму, беше што министерот сакал да внесе надворешни лица во процесот на државната матура.

Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за вработените и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопира сите процеси за кои е надлежен ДИЦ.

Слични содржини