Поранешниот американски претседател Доналд Трамп собра повеќе од 15 милиони долари за две недели откако се појави пред судот на Менхетен каде што беше обвинет по 34 точки во врска со исплата на пари на поранешната порно актерка Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната сексуална врска.
За време на тој викенд за 24 часа се собрани повеќе од четири милиони долари, по сослушувањето на 4 април, соопштија од тимот на Трамп, пренесува „Тајмс“.
Трамп (76) тврди дека обвинувањата се политички мотивирани и дизајнирани да ја саботираат неговата кампања во 2024 година.