По одлуката на Уставен, нема градење на „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Откако Уставниoт суд на денешната седница одлучи да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година, треба да сопре изградбата на парцелите познати во јавноста како „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“, пишува „Независен“.

Како што пишуваа медиумите во неколку наврати, сопственик на фирмата „Маркеза“ е извесен Филип Костиќ. Оваа фирма, според ИРЛ, има деловни односи со фирмата „Биси“, инаку во сопственост на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Георгиевски – Фреди, која пак во разговор за ИРЛ демантирал секаква поврзаност со градбата на Водно.

Од „Маркеза“ досега единствено преку соопштение укажаа дека имаат важечка дозвола за градба и ја потсетуваа Општината дека е должна да им направи пристапен пат.

Слични содржини