Новинарските екипи денеска беа спречени кај браната Липково да одат до караулата во Гошинце поради како што рече полицијата безбедносни причини. Конвој полициски возила пак попладнево се упатија кон Гошинце-информира РСЕ
Конвој полициски џипови се упатија кон Гошинце
Новинарските екипи денеска беа спречени кај браната Липково да одат до караулата во Гошинце поради како што рече полицијата безбедносни причини. Во меѓувреме и две возила на ОБСЕ исто така не отидоа кон селото. Конвој полициски возила пак попладнево се упатија кон Гошинце-информира РСЕ
Попладнево Хелихоптер ја набљудуваше зоната околу полициската станица во Гошинце. Теренот го надгледуваше и безпилотно летало. Локалните жители изјавуваат дека не забележале вооружени луѓе во изминатите денови .
Претходно полицски сили со оклопни возила се упатија накај Гошинце.
И две теренски возила на ОБСЕ се во Липковско. Иако полицијата им дозволи да се упатат кон Гошинце, од ОБСЕ одлучиле да не продолжат, бидејќи возилата не им биле блиндирани.
Портпаролот на МВР Иво Котевски потврди дека лицата кои ја зазеле полициската станица во липковски Гошинце, носеле препознателни ознаки УЧК.
Според полицијата во станицата влегле околу 2 часот утринава, ги разоружале затекнатите полицијаци, го собрале целото оружје во станицата, а потоа ги пуштиле на слобода затекнатите полицајци и им рекле да пренесат порака на надлежните дека тие биле УЧК.
“Државните институции утринава беа цел на терористички напад. Имено, околу 2 часот и 30 минути по полноќ, поголема група од 40 лица ја нападнаа караулата Гошинце во близина на северната граница. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК. При нападот биле заробени 4 полициски службеници кој во моментот биле дежурни во караулата. Лицето кое ја предводело групата на алабнски јазик преку преведувач им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови „Ние сме од УЧК, пренесете дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви Охридски договори, повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било кој друг фатиме повторно сите ќе ве ликвидираме“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Тие, исто така, имале камера и го снимале инцидентот.