Добитникот на „Златната топка“, Родри, ја пропушти речиси целата сезона поради повреда на вкрстените лигаменти. Сепак, се очекува шпанскиот репрезентативец да се врати на крајот од сезоната и да му помогне на Манчестер Сити да се пласира во Лигата на шампионите.
По 236 дена, Родри треба да биде во составот за натпреварот против Борнмут. Еден од најважните за Сити оваа сезона.
Особено по поразот во финалето на ФА Купот. „Граѓаните“ водат жестока битка за место во Лигата на шампионите и следните два натпревари се од големо значење.
И во нив, Гвардиола конечно ќе може да смета на Родри, иако со ограничен капацитет. Човек кој толку многу им недостигаше и многумина веруваат дека неговата повреда е причина за исклучително лошата сезона. Барем според стандардите на Сити.