По пет недели завршија парламентарните избори во Индија

од desk2
78 прегледи

Со спроведувањето на седмата фаза од гласањето, денеска, по пет недели, завршија парламентарните избори во Индија.

Броењето на гласачките ливчиња ќе почне в четврток, за кога се очекува објавувањето и на првичните изборни резултати.

Излезните анкети од гласањето посочуваат на победа на блокот на владејачката националистичка Индиска народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди.

Според овие предвидување, БЈП и нејзините коалициски партнери ќе освојат меѓу 287 и 305 места во 543-члениот Парламент, што е повеќе од неопходните 272 мандати за парламентарно мнозинство