По повлекувањето на аболициите, СЈО бара притвор за Владимир Талески?!

од Vladimir Zorba

Во рамки на денешното соопштение до медиумите Специјалното јавно обвнителство информираше дека во врска со предметот во јавноста познат како „Транспортер“ е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 1 (едно) лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст 5 вв ст. 1, а вв. ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице.

talevski

-По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано – стои во денешното соопштение

СЈО не го наведува идентитетот на лицето, но Талевски беше помилуван и поради тоа  за него претходно не беше донесена наредба за спроведување на истражна постапка.

 

Слични содржини