По повод Европското првенство во фудбал, авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека воведува специјални летови за Скопје – Букурешт за македонските навивачи, а авионските билети веќе се ставени на продажба.
„Визер закажа и пушти во продажба осум летови меѓу Скопје и Букурешт за следното лето за фудбалските фанови кои ќе се упатат кон романскиот главен град за ЕУРО 2020 фудбалското натпреварување, кое се одложи за една година поради пандемијата од коронавирус. Македонија се квалификуваше за големиот фудбалски настан по прв пат и ќе игра групни натпревари во Букурешт и Амстердам. Визер ќе има летови од Скопје до главниот романски град на 13. јуни, 14. јуни и 17. јуни. Вкупно три лета ќе има на 13. јуни меѓу двата града, еден ќе има на 14. јуни и четири на 17. јуни. Македонија своите натпревари во Букурешт ги игра на 13. и 17. јуни. Билетите се достапни за купување преку нашата веб страница“, стои во соопштението на „Визер“.