По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик Милан, Љатифе, Ѓунер и Санела ги рецитираа своите омилени стихови (видео)

од Берта Китинска

Во организација на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик вчера, во Владата се одржа јавна дискусија во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците.

„Од формирањето во 2017-та година, Владата континуирано работи на создавање на одржливо граѓанско општество во кое е афирмирана и воспоставена меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во земјата, со истовремено признавање на етничките, националните, верските и културните разлики. Оваа цел во себе ги обединува посебноста и суштината на нашето заедништво, и во таа насока убеден сум дека сите учесници на денешната дискусија ќе го дадат значаен придонес во таа насока“, наведе премиерот Спасовски.

Тој истакна дека тргнувајќи од Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам, како и од обврската од Законот за употреба на јазиците, Владата на Република Северна Македонија е задолжена да развие Програма за покренување на јавната свест за доследна примена на Законот за употреба на јазиците.

По тој повод Људмил, Замир, Маријана, Милан, Љатифе, Ѓунер и Санела ги рецитираа своите омилени стихови на македонски, албански, влашки, српски, ромски, турски и босански.

Људмил, Замир, Маријана, Милан, Љатифе, Ѓунер и Санела ги рецитираа своите омилени стихови на македонски, албански, влашки, српски, ромски, турски и босански по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. 📖

Публикувахте от СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија в Петък, 21 февруари 2020 г.

 

Слични содржини