По празниците ќе започне имунизирањето на населението против Ковид-19

од Берта Китинска
157 прегледи

По празниците ќе започне имунизирањето на населението против Ковид-19, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче

– Со отворањето на вакциналните пунктови во другите градови, ќе може над 10.000 граѓани да се вакцинираат на ден без да има никакви гужви. До сега се вакцинирани вкупно 60.000 граѓани, рече Филипче.

Утре во змејава  треба да пристигнат 200.000 дози на кинеската вакцина „Синофарм“ по што ќе се отворат вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово.

Слични содржини