По пресудата, Вајнштајн заврши во болница

473 прегледи

Откако беше осуден на 23 години затвор поради сексуално вознемирување и силување и откако неговите адвокати предупредија дека можеби нема да го преживее затворот, холивудскиот продуцент, Харви Вајнштајн синоќа поради болки во градите бил пренесен во болница.

Некогашниот моќен филмски продуцент, се пожалил на болка во градите, пренесуваат странските медиуми.

Неговиот портпарол прво рекол дека продуцентот претрпел благ срцев удар, а подоцна дека му бил дијагностициран многу висок крвен притисок. Еден од адвокатите на Вајнштајн, Артур Аидала, рекол дека Харви е добро расположен и дека се наоѓа во болница.

Вајнштајн во средата беше прогласен за виновен на судењето во Њујорк за сексуално вознемирување и силување и така се заврши драматичната приказна за еден од најмоќните холивудски личноти.

67-годишниот Харви на суд доаѓаше со инвалидски помагала или колички. Десетина жени изнеле обвинувања за сексуално или недолично однесување, вклучувајќи и силување. Тој постојано ги негираше кривичните дела.

Слични содржини